Connect with us

Свет

Пезешкијан: Воените успеси треба да се претворат во дипломатски победи

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека Техеран е подготвен за преговори од позиција на сила и достоинство, притоа задржувајќи целосна недоверба кон противникот – пренесе националната новинска агенција ИРНА.

Претседателот одржал средба со командата на безбедносните сили „Фараџа“. За време на состанокот бил разгледан извештај за дејствувањето на безбедносните сили во услови на воен конфликт, а биле утврдени и стратешките приоритети на земјата на надворешнополитички план.

Пезешкијан изјави дека воените успеси на вооружените сили треба да послужат како основа за дипломатски достигнувања.

– Правата на иранскиот народ мора да се темелат на чест, мудрост и целисходност – истакна тој.

Претседателот нагласи дека Иран е подготвен да ги почитува сите договори доколку тие ги земаат предвид барањата на врховниот лидер и националните интереси.

– Ние, како и претходно, не му веруваме на непријателот – изјави тој.

Според Пезешкијан, пред земјата во моментот стојат три можни сценарија за развој на ситуацијата:

– Влегување во преговори со цел зачувување на националните интереси и достоинството;
– Задржување на сегашната состојба ниту војна ниту мир“;
– Продолжување по патот на директна конфронтација.

– Треба на дипломатската маса да го завршиме она што нашите воени сили го почнаа на бојното поле – изјави Пезешкијан. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2