Фудбал
Куртоа им се обрати на навивачите на Реал: Разочарани сме и исто како вас
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, им се обрати на навивачите на тимот по поразот од 2:0 од Барселона синоќа во 35. коло од шпанската Ла Лига.
Барселона ја обезбеди титулата во шпанското првенство со победата над Реал Мадрид.
– Разочарани сме и исто како вас. Сезоната не помина онака како што сакавме. Ќе учиме, ќе реагираме и ќе се вратиме на вистинскиот пат, напиша Куртоа на социјалните мрежи.
Реал Мадрид не освои ниту еден трофеј оваа сезона – загубија од Албасете (2:3) во осминафиналето на Купот на кралот, загубија од Барселона (2:3) во финалето на Суперкупот и беа елиминирани од Баерн Минхен (1:2 и 3:4) во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
мај 11, 2026

