Connect with us

Свет

Британската економија, поради војната на Блискиот Исток, може да укине 163.000 работни места

Британската економија би можела да изгуби речиси 63.000 работни места оваа година поради економските последици од војната на Блискиот Исток – се наведува во прогнозата објавена денес од економскиот институт „ИТЕМ клуб“ (ITEM club).

Институтот предупредува дека британските региони со пониски приходи, како што се Јужен Велс и Хамберсајд, ќе бидат меѓу најтешко погодените поради зголемувањето на цените на енергентите и нарушувањата во синџирите на снабдување.

Се очекува губење 12.500 работни места во Бирмингем, 9.800 во Лидс, а Глазгов би можел да изгуби речиси 6.200 работни места.

Производствениот и градежниот сектор трпат најголем притисок, а зголемените трошоци за живот ги принудува домаќинствата во целата земја да ги намалат трошоците, што дополнително влијае на малопродажбата и на угостителството.

Според процените на „ИТЕМ клуб“, бројот на вработени во Лондон би можел да се намали за 25.000 работни места оваа година поради забавувањето во трговскиот и угостителскиот сектор. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1