Connect with us

Вести

Рокас: Сите заедно и со реформите ќе го направиме решителниот чекор да станете дел од Европското семејство

Европа е изградена на ветувања, слобода, еднаквост и демократија. Денес во свет на конфликти и економски притисоци, мора да ги браниме овие вредности дома и надвор, рече денеска евроамбасадорот Михалис Рокас во обраќањето на свеченоста што се одржа во кругот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Ова е ден, посочи, кога треба и да се подвлече стратешката важност на проширувањето на Европската Унија, за да се обезбеди долгорочен мир, просперитет и безбедност на континентот.

– Проширена ЕУ значи поголема геополитичка отпорност, засилена енергетска независност, подобрена безбедност, но и поголема тежина на нашите заеднички вредности во турбулентните конфликти. Ова е денот кога треба да се потсетиме дека решителноста ја натера Европа да ги надживее оние турбулентни времиња и дека тоа го правиме со децении наназад и го правиме и сега, рече Рокас.

Тој посочи на пораката од претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта до граѓаните на државава, истакнувајќи дека и се обратил на Македонија како на идна земја членка на ЕУ и испратил прати силна порака за обединетост, за решеност, за одлучност.

– Знаеме дека заедно со помош на сите вас и со тековните реформи ќе успееме да го донесеме и да го направиме решителнииот чекор за да ја донесеме земјата онаму каде што припаѓа – во семејството на Европската унија, истакна евроамбасадорот Рокас.

Како што рече во обраќањето, овој ден е крајот на најкрвавиот конфликт во историјата на човештвото и почетокот на нова ера за европскиот континент, заснован на визијата на францускиот министер за надворешни работи Шуман, којшто предвидуваше просперитетна Европа. Затоа, нагласи, денес ја поздравуваме вредноста и храброста на оние коишто се бореа и жртвите на оние кои загинаа. Се сеќаваме не само на крајот на војната, туку и на раѓањето на Европската Унија, на моќното оддавање на почит на оние коишто ги жртвуваа своите животи, не само во минатото, туку и во решеноста. Денес ние сме решени јасно и цврсто да кажеме дека тоа нема никогаш да се повтори, потенцираше Рокас.

Според него, ова е и прилика да се потсетиме на лекциите коишто ги имаме научено од историјата на конфликти на континентот, особено, посочи, на онаа заднина на руската агресија врз Украина, и повторно да ја изразиме нашата посветеност на идеалите на основачите, на татковците на ЕУ, коишто се сега разнишани. – Треба да ја поздравиме борбеноста на Украинците, но и слободата за сите нас во Европа. Крајот на таа војна ќе спречи понатамошни агресии и поткопување на украинскиот суверенитет. Ова не е само за Украина, ова е за Европа и за Европската Унија како целина и е навистина многу важно. Исто така, сакам да ѝ честитам на Македонија што покажа навистина вистински пример на поддршка за Украина во изминатите години додека трае агресијата, рече евроамбасадорот Рокас, кој по обраќањеѕо положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“

Маркетинг
Ad 3
Ad 4