Connect with us

Фудбал

Шуле на 30 години ја заврши кариерата

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд и поранешен германски репрезентативец, Никлас Шуле, објави денеска дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезона, на само 30 години.

Шуле, кој одигра 49 натпревари за германската репрезентација, посочи дека одлуката за пензионирање била поттикната, откако минатиот месец го повреди коленото.

„Откако ја слушнав добрата вест по магнетната резонанца дека не сум ги скинал вкрстените лигаменти, бев 1000 проценти сигурен дека е готово. Не можам да замислам ништо полошо од тоа да морам да се грижам за повредите што ги здобив играјќи до крајот на животот, кога одам на одмор или играм со моите деца“, рече Шуле.

Кариерата ја почна во Хофенхајм, а во Дортмунд пристигна во 2022 година од минхенски Баерн, за кого играше од 2017 година. Шуле пред шест години ја освои и Лигата на шампиони со Баерн.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3