Connect with us

Вести

Полицијата во цивил ќе го обезбедува ООУ „Стив Наумов“ во Битола по заканувачките пораки на ученикот од седмо одделение

Во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, за време на наставата ќе има постојано присуство и мониторинг од полициски службеници во цивилна облека. Мерката е воведена по барање на Училишниот одбор, кој одржа вонредна седница поради случај со ученик од седмо одделение.

Според информациите, ученикот објавил недолични и заканувачки пораки на социјалните мрежи упатени кон соученици и нивните родители, што предизвикало вознемиреност кај дел од родителите, објави 4news.mk

Според училиштето, настанот се случил надвор од наставниот процес. Ученикот претходно бил преместен во друго одделение со цел подобра адаптација, но поради несогласувања со новите соученици се појавиле реакции од родителите.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2