Connect with us

Фудбал

Баерн ќе инкасира 150 милиони евра од Лигата на шампиони

Со елиминацијата од ПСЖ во полуфиналната пресметка, Баерн Минхен остана без пласман во финалето, но од настапот во Лигата на шампиони оваа сезона ќе заработи околу 150 милиони евра, јави денеска агенцијата ДПА.
Баерн изминатата вечер одигра пред своите гледачи 1-1 во реваншот од полуфиналето против бранителот на титулата и не успеа да ја надомести негативата од 4-5 од првиот натпревар во Париз.
Со пласманот во полуфиналето, Баерн ќе инкасира 83,4 милиони евра од наградниот фонд на УЕФА, а германскиот гигант ќе добие и уште 40 милиони евра во бонуси.
На оваа сума треба да се додадат и приходите од билетите од седумте распродадени домашни натпревари оваа сезона.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1