Connect with us

Свет

Мелони во ненајавена посета на Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска ја почна посетата на земјите од Персиски Залив, со цел да ја „зајакне националната енергетска безбедност“.

Мелони денеска пристигна во ненајавена посета на саудискиот пристаништен град Џеда.

Таа е прва западна лидерка што допатува на Блиски Исток откако САД и Израел го нападнаа Иран а 28 февруари.

Предвидено е Мелони да ги посети и Обединети Арапски Емирати и Катар.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1