Вести
Со минута молк, во 2.32 часот, оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани
Со минута молк, точно во 2.32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, им беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
– Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 2.32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе им оддадеме почит со минута молк. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува – посочија од здружението на граѓани „16 март 2025“, кои го организираа собирот пред дискотеката, каде што пред една година во пожар животот го загубија 63 лица, а речиси 200 беа повредени.
Пред дискотеката беа поставени срциња со испишани имиња на загинатите.
март 16, 2026

