Connect with us

Тенис

Алкараз на необичен начин во костум на пчела го прослави полуфиналето

Најдобриот тенисер на светот Карлос Алкараз успеа во четвртфиналето на Мастерсот 1000 да го совлада Британецот Камерон Нори со 2:0 во сетови. Една група навивачи на трибините беа во костуми како пчели, а еден таков по мечот му фрлија на Алкараз, а тој го облече костумот.

–  Морав да го направам тоа за нив. Тие навиваа за мене од првиот до последниот поен. Па како што беше редот морав да го направам тоа иако беше смешно, изјави Алкараз.

Ова водено беше потсетување на четвртфиналето (против Зверев) од пред две години кога на истиот турнир мечот на шпанскиот тенисер беше прекинат откако рој пчели „ја нападнаа“ камерата-пајак која беше над теренот.

Во полуфиналето Алкараз ќе игра против Данил Медведев, кој со 2:0 го победи Џек Дрејпер од Велика Британија. Во другите два четвртфинални меча Јаник Синер (Италија) го победи со 2:0 Лернер Тиен (САД), додека Александер Зверев (Германија) го победи со 2:0 Артур Филс од (Франција). Полуфиналните мечеви Алкараз – Медведев и Синер – Зверев се играа во сабота.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2