Connect with us

Сервисни информации

За викендот облачно со сончеви периоди, попладне со услови за повремен дожд

Времето за претстојниот викенд ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне, претежно во западните делови, со услови за краткотраен повремен дожд. До крајот на периодов ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

До вторник се очекува да дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец. Ветерот во среда ќе го смени правецот во источен, а во четврток во североисточен. Дневната температура од вторник ќе има тенденција на опаѓање. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2