Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Пустош, уништени рудници, и празни акумулации оставија СДС во РЕК Битола, немаат легитимитет да говорат за енергетиката

Пустош во РЕК Битола, девастација на РЕК Осломеј, уништени рудници, запуштена рударска механизација и празни акумулации, беше наследството од СДС. При преземањето на компанијата, ЕСМ е затекната во исклучително тешка финансиска состојба со производствена цена од 140 евра за мегават-час, загуби од повеќе од 130 милиони евра и доспеани, неплатени обврски кон деловни партнери над 80 милиони евра.

Се уште се расфрлаат со пофалби дека успешно менаџирале и работеле со добивка, која всушност е целосна лага. Средствата што ги добивале од Владата ги прикажувале како приход на компанијата, а всушност работеле со огромни загуби. Ова е реалната слика што ја оставија претходниците кои директно ја загрозија стабилноста на целиот енергетски систем и како држава станавме зависни од увозен јаглен. Таквата девастација на стратешки најважната компанија интензивно се санира. 

СДС нема никаков легитимитет да ја коментира енергетиката. Потценува докажани и стручни кадри, а во нивно време директори на комбинатот беа Васко Ковачевски и Пеце Матевски. 

Против раководствата кои ја управувале компанијата во периодот од август 2017 до август 2024 поднесени се пријави до надлежните институции, и веруваме дека сите до еден ќе одговараат за своите злосторства во АД ЕСМ.

И да не заборавиме, освен уништување на една од најголемите државни компании, во седум години владеење од 2017 до 2024 година, СДС не успеа да изгради ниту еден нов капацитет за производство на електрична енергија.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4