Connect with us

Формула 1

Верстапен: Не сакам да се пензионирам од Формула 1, се надевам дека трките ќе се подобрат

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, објави дека нема планови наскоро да се пензионира од Формула 1, и покрај бројните навестувања за спротивното.

– Навистина не сакам да се пензионирам. Секако, би сакал трките да бидат малку позабавни. Но, правам и многу други интересни работи. Во наредните години, можеби ќе се тркам во Спа и, се надевам, во Ле Ман. Значи, ги комбинирам трките со други многу возбудливи работи. Тоа е контрадикција во смисла: не уживам особено во возењето на автомобилот, но навистина уживам во работата со луѓето во тимот, вклучително и оние во одделот за мотори. Тоа е малку сесија за размислување… Значи, не, не сакам да си одам. Но, исто така се надевам дека ситуацијата ќе се подобри. Имав разговори со Ф1 и ФИА. Мислам дека работиме заедно на решение и се надевам дека работите ќе се подобрат, изјави верстапен.

Четирикратниот светски шампион не прецизираше што точно разговара со Ф1 и ФИА, но изрази надеж за промени наскоро.

– Дали прописите ќе останат исти? Дефинитивно се надевам дека не во следните неколку години. Се надевам дека ќе има значително подобрување уште следната година. Разговараме за неколку опции, додаде Верстапен.

Следната трка од Формула 1 шампионатот ќе се вози претстојниот викенд во Шангај, Кина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2