Connect with us

Сервисни информации

Сообраќајот тековно, застои нема

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Денеска во периодот од 09:00 – 12:00 часот ќе се врши испитување на мостот на река Вардар, кај с. Здуње, на државен пат А2 Гостивар – Кичево, поради што сообраќајот ќе се одвива согласно воспоставениот времен режим и кратки прекини на сообраќајот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4