Connect with us

Политика

Петрушевски: СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво

Почитувани,

СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво.

Во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДС, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДС.

Одговорен за логистика и организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е Оливер Трајковски – Шеф на штаб на СДС во населбата Зелен рид, како и вработен во ЈП Чистота и Зеленило во Куманово.

На фотографијата го гледаме Оливер Трајковски, кој е сликан со кандидатот за градоначалник на Куманово од СДС Оливер Илиевски и носителот на листа Атина Мургашанска, за локалните избори 2021 година.

Од СДС и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таа цел не е барање за зголемување на платите, туку целта им е да и наштетат на владата.

ССМ и во Куманово и во другите општини е раководено од општинските организации на СДС.

ССМ и СДС се веќе едно исто.

Ви благодарам. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 2