Connect with us

Хроника

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Во пожар на паркинг просторот пред зграда на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Општина Аеродром синоќа опожарени се три возила. 

Пожарот, како што информира МВР, е пријавен денеска во 00:13 часот во СВР Скопје, и е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема и е извршен е увид.  

-Пријавено е дека на паркинг просторот пред зграда на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.(74) од Скопје и патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од с.Долно Лисиче, скопско, информираат од МВР.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1