Вести
Мицкоски: Поранешни претседатели на ограноци на СДСМ се вмешани во трговијата со марихуана, случајот се продлабочува
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24 зборувајќи за случајот со запленетата марихуана истакна дека во интерес на истрагата не би можел да зборува, но она што во јавноста е познато е дека поранешни претседатели на ограноци на СДСМ и нивни блиски роднини се замешани во овој случај.
„Ќе дојде времето да се излезе во јавност. Ќе заврши истрагата и ќе слушнеме имиња. До сега од она што во јавноста е познато е дека поранешни претседатели на локални организации на СДСМ, нивни блиски роднини се некако замешани во целиот овој скандал. Ќе ве потсетам дека овој скандал не е од сега, туку имаше една полициска акција уште во времето кога СДСМ и ДУИ беа во влада, на релацијата Струмица-Прилеп. Се сеќавате тогаш таа акција беше водена во содејство со американската ДЕА, се спомнуваа имиња кои се во роднинска врска со семејството Заеви“, потенцираше Мицкоски и додаде:
„Сето ова е многу симптоматично, индикативно и јас во овие услови додека трае истрагата би се задржал само на оние официјални соопштенија коишто доаѓаат од Министерството за внатрешни работи.“
март 13, 2026

