Свет
Лариџани му порача на Трамп: „Војната не се добива со неколку твитови“
Шефот на иранскиот Совет за национална безбедност Али Лариџани го нападна претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на социјалните мрежи.
Тој порача дека Трамп бара „брза победа“, но дека војната „не може да се добие со неколку твитови“, што веројатно е алузија на честите објави на американскиот претседател на мрежата Truth Social.
– Нема да застанеме додека не зажалите поради оваа тешка погрешна проценка – додаде Лариџани.
Тој претходно во текот на војната го предупреди Трамп да „внимава да не биде елиминиран“, по серијата закани кои американскиот претседател ги упатуваше до иранското раководство.
март 13, 2026

