Connect with us

Вести

Јаневска: Речиси 56 отсто од населението е финансиски писмено, преку изборни предмети ќе се подобрува состојбата

Истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното образование“, спроведено од Бирото за развој на образованието, покажува дека учениците имаат познавање за базичните поими, но немаат доволно познавање за она што би требало да се нарече применување на познатите поими во животот, односно применување на таа финансиска писменост. За жал, и според ОЕЦД, речиси 56 отсто од населението е финансиски писмено, што е незадоволително.

Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека поради тоа Министерството, првенствено со Бирото за развој на образованието, но и со Народната банка, Министерството за финансии, УЈП и Асоцијацијата на банките во Македонија и други институции, развива програми за најмладите од рани години да научат како да управуваат со сопствените средства или средствата што им се на располагање, да научат да штедат, вложуваат, проценуваат ризици, на кој начин да управуваат, менаџираат со сопствените средства, што во суштина претставува еден сериозен чекор за примена на знаењата во иднина кога тие навистина ќе имаат таква потреба.

– Ние сериозно се залагаме, не само преку темите во одредени предмети туку и преку изборни предмети, да ја подобриме оваа состојба и продолжуваме во тој правец да работиме и за финансиската писменост и за други проблеми со кои реално учениците се соочуваат – додаде Јаневска.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3