Connect with us

Регион

Ѓуров по средбата со Дендиас: Соработката меѓу Бугарија и Грција е клучна за безбедноста во регионот

Бугарија и Грција заземаат водечка позиција во безбедноста на источното крило на НАТО, во рамките на колективната одбрана на алијансата. Конструктивната соработка во областа на одбраната на нашите две земји, заедно со целокупната регионална соработка, е клучна за безбедноста, стабилноста и просперитетот во нашиот регион“, изјави В.Д. бугарскиот премиер Андреј Ѓуров за време на средбата со министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас, пренесе БТА.

Ѓуров му изрази благодарност на Дендиас за неговиот придонес во Мултинационалната борбена група на бугарска територија, дел од Напредните копнени сили на НАТО, која има стратешка функција за зајакнување на одвраќањето и одбраната на источното крило.

„Ова е вистински израз на сојузничка солидарност“, додаде вршителот на должноста бугарски премиер, пренесе БТА.

За време на средбата, Ѓуров и Дендиас разговараа за потенцијалот на заедничките приоритети што би ги зајакнале стратешките позиции на двете земји, а воедно би генерирале додадена вредност.

Грчкиот министер за одбрана е во посета на Бугарија на покана на вршителот на должноста министер за одбрана Атанас Запрјанов.

Двајцата министри и делегациите што ги предводат ќе разговараат за актуелни прашања од областа на безбедноста и одбраната.

Минатата недела Грција ја увери Бугарија дека ќе обезбеди помош за ракетната одбрана на соседната земја со средства за воздушна одбрана и воен персонал.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3