Connect with us

Економија

Димитриеска-Кочоска: Во изминатиот период работевме посветено и испорачуваме како што сме испланирале

Буџетот е ликвиден. Пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Само интервју“ на ТВ Канал 5.


„Работевме посветено во изминатиот период и испорачуваме како што сме испланирале. Граѓаните можат да бидат спокојни. Пари обезбедивме навреме. Условите по кои ги обезбедивме беа многу поповолни. Издадовме Еврообврзница со убедливо најниска камата.“, рече министерката за финансии.


При тоа додаде дека има огромен  предизвик, но радува фактот дека има раст кај бруто домашниот производ. „Тоа е важно затоа што сите бројки, вклучително и јавниот долг го гледаме како процент од БДП и колку е тој поголем тоа значи дека јавниот долг ни се намалува, а со тоа се  отвора простор за дополнителни задолжувања доколку има потреба. Важно е како ја водите целокупната политика. Да, еден дел е со помошта што би требало да се даде преку форма на намалување на акцизи, даноци, што би значело намалени приходи во буџетот, но ќе реагираме соодветно, простор за одредени реакции има се уште“, истакна Димитриеска-Кочоска.
Министерката очекува политиките и одлуките што оваа Влада ги носи сега да се почувствуваат реално подоцна, затоа што вели, во економијата постои нешто што се нарекува временско задоцнување, односно дека растот во економијата бара континуитет во повеќе години.
Во интервјуто посочи дека не смета дека проекциите за приходите се преоптимистички и  направи споредба на приходите во 2025 и 2017 кои што се со реализација 95,91% од планираното за 2025 и 95,81% за 2017 година. Во однос на расходната страна потенцира дека нема нереализирани расходи, односно дека се исплатени сите обврски, вклучително и налозите за реализација на капиталните расходи.
„Се што стига како налог во Трезорот во МФ се исплаќа редовно и согласно упатството“, појасни министерката.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4