Хроника
Дебранец со тврд предмет нападнал малолетник
Повозрасен дебранец со тврд предмет нападнал малолетно лице, но причината не се соопштува.
-Вчера во 11:00 часот во дебарското одделение за внатрешни работи е пријавено дека на улица „Фуат Дибра“ во Дебар, У.Б.(59) со тврд предмет нападнал малолетник, двајцата од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Во координација со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова е прв случај на напад на малолетно лице од страна на возрасен сограѓанин. Инцидентот се случил на поранешната улица „1 Мај“ која е над строгиот центар на градот.


