Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Уште една лага на СДС падна во вода, Антикорупциска пресече, нема судир на интереси кај Томовски во случајот со фирмата Сити аутсорсинг

СДС и кажувањата на раководството предводено од Венко Филипче се демантирани секој ден.

И тоа демантирани се од релевантни изјави, релевантни институции. Но, на СДС како да не им се слуша, и секој ден оттаму повторуваат само лаги.

Конкретно, Државната комисија за борба против корупцијата ги демантираше нивните лаги што се однесуваат на Ивица Томовски. Антикорупциската комисија не утврди судир на интереси кај директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Томовски со фирмата Сити аутсорсинг. СДС тврдеше дека е на неговиот татко и дека добила 161 тендер од различни државни институции во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.

Но, и оваа лага падна во вода.

Ама како да му доаѓа памет на раководството на СДС предводено од Филипче кој е доследен ученик на Зоран Заев, лик кој е основач на политиката на кражба за народот со цел луксузно да живее.

Лагите се една од многуте причини што СДС се движи кон пропаст и невиден пад на доверба која ја имаше некогаш оваа партија.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4