Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС за време на светска криза сакаше да ја поскапи нафтата со еколошка такса за парите на граѓаните да завршат во џебовите на Филипче и Заев, ние тоа го блокиравме

Во време кога СДС беше на власт, цените на нафтата, храната, електричната енергија одеа до плафон, куповната моќ на парите се намалуваше, а тогашната власт не мрдна со прст да помогне на граѓаните.

Да потсетиме дека тогаш, СДС на чело со Заев, сакаа да воведат и така наречена еколошка такса со која дополнително ќе ги зголемеа цените на нафтата и нафтените деривати за над 3,5 денари по литар, кои ќе ги плаќаа граѓаните, а тие пари ќе оделе за инвестиции во еколошки, обновливи извори.

Исто така, да ја потсетиме јавноста, фирма со земјиште во Дојран за производство на струја од фотоволтаици (обновливи извори) имаат Никола Филипче (брат на Венко) и Вице Заев.

Овој предлог Закон на СДС, Заев и Филипче ќе значеше дека 50-55 милиони евра ќе „оделе’’ во Буџетот на државата, а со оглед на тоа дека тогаш Буџетот на државата беше и паричник на СДС, тие пари ќе одеа во фирмите на Филипче и Заев, поточно во нивните џебови.

Среќа за граѓаните, тогаш ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на животниот стандард на граѓаните и го блокираше овој предлог Закон.

Ете, како СДС сакаше да биде „одговорна, зелена’’ партија, по стапките на ДУИ. Затоа се таму каде што се – во длабока опозиција.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2