Политика
ВМРО-ДПМНЕ: СДС гледаат анкети и каде што ги нема
Паниката кај СДС од тонењето и губењето на довербата кај народот расте од ден на ден. Дури и нивните анкети потврдуваат дека партијата им пропаѓа и дека граѓаните не им веруваат.
Од толку што не знаат кај тераат, анкети им се причинуваат дури и таму каде што не се спомнати. Последно реагираа на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека стоело дека сме направиле анкета, иако во соопштението не постои како викаме дека сме направиле анкета.
Големи се паниката и стравот во СДС, затоа што не можат да ја консолидираат партијата што го потврди и нивниот пратеник и Битиќи кој изјави дека СДС не е консолидирана, споро им оди процесот и дека нема да се спремни за следните избори.
А кога сме кај анкетите, нивниот потпретседател ги издаде дека самите ги прават и губат на сопствените анкети. СДС треба нивниот потпретседател Александар Трајановски да го прашаат за анкетите бидејќи очигледно немаат комуникација внатре во партијата па не им кажал дека губат на нивната анкета. Веројатно од срам не го известил пиарот на СДС дека тонат.
Самиот Александар Трајановски кого Филипче го постави за потпретседател пред два дена изјави дека СДС губат на анкетите, односно дека граѓаните ја даваат довербата на ВМРО-ДПМНЕ.
И тука се потврдува дека СДС тоне во сопствениот пиар, и дека партијата им се наоѓа во тотална конфузија и пад на довербата кај граѓаните.
март 11, 2026

