Вести
Средба Филков-Маричиќ, тема реформите во изборното законодавство и соработката меѓу Министеството за правада и ДИК
Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претседателот на Државната изборна комисија Бојан Маричиќ, потпретседателот на ДИК Абдуш Демири и членот на Комисијата Ангелчо Ристов. На средбата се разговарало за реформите во изборното законодавство, како и за важноста од тесна институционална соработка помеѓу Министерството за правда и Државната изборна комисија во процесот на подготовка на законските измени.
Како што информираат од Министерството за правада, се дискутирало и за можностите за унапредување на постојната законска рамка, зајакнување на транспарентноста и ефикасноста на изборниот процес, како и усогласување на изборното законодавство со современите демократски стандарди.
Претставниците на ДИК најавиле дека во наредниот период ќе достават свои предлози и сугестии, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група формирана за подготовка на реформите во изборното законодавство.
Соработката меѓу институциите е клучна за креирање стабилен, транспарентен и доверлив изборен систем, во интерес на граѓаните и демократските процеси во државата.
март 11, 2026

