Connect with us

Хроника

Скопјанец возел до и низ Дебар иако имал забрана за управување моторно возило од Б категорија

Жител на населбата Ченто од Скопје, иако имал забрана за управување, сепак стигнал до  Дебар управувајќи товарно возило.

-Вчера во 12:30 часот на улицата „Јусуф Грвала“ (поранешна Вељко Влаховиќ) во Дебар, полициски службеници од одделението за внатрешни работи го лишија од слобода А.А.(22) од скопската населба Ченто, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Според него, при сообраќајна контрола, било сопрено товарно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и покрај тоа што му била изречена забрана за управување моторно возило од Б категорија.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4