Connect with us

Технологија

Шазам пристигна на ЧетГПТ: Препознавање песни без напуштање на апликацијата

Корисниците отсега, користејќи го популарниот сервис Шазам, ќе можат да препознаваат песни директно преку ЧетГПТ, без потреба да ја напуштат апликацијата или да инсталираат дополнителни програми.

Оваа нова функционалност доаѓа откако компанијата Епл пред неколку месеци ја воведе опцијата „Епл мјузик“ на ЧетГПТ, овозможувајќи им на корисниците со помош на четботот да зоздаваат музички плејлисти.

Корисниците можат едноставно да постават прашање како „Шазам, која е оваа песна?“ или „Шазам, што свири во моментов?“ и да добијат одговор директно преку ЧетГПТ, дури и доколку апликацијата Шазам не е инсталирана на нивниот уред.

Активирањето на оваа функција е  едноставно. По успешната идентификација на песната, системот прикажува информативна картичка со основни податоци, вклучувајќи го името на изведувачот, насловот на песната, омотот на албумот, како и информација колку пати песната била препознаена преку овој сервис.

Дополнително, корисниците можат веднаш да ја преслушаат препознаената песна, да ја зачуваат во својата Шазам библиотека или да продолжат да разговараат со четботот. Можат да побараат од четботот да креира музичка плејлиста на Епл мјузик инспирирана од препознаената песна или од конкретен музички стил. Новата функциja постепено се воведува за корисниците и веќе е достапна на ЧетГПТ преку мобилните платформи, како и преку веб страницата на сервисот. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4