Connect with us

Скопје

Се реконструираат јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“

Општина Аеродром започна со целосна реконструкција на пешачките површини кај ТЦ „Три бисери“, простор што секојдневно го користат голем број наши сограѓани. Со овој проект, како што велат, ќе се уредат околу 4.000 квадратни метри јавен простор, на потегот покрај бул. „Јане Сандански“ – од зграда број 7 до зграда број 11.
 
-При тоа, старите и дотраени павер-елементи се заменуваат со нови и современи, со што овој фреквентен дел од Аеродром ќе добие модерен и уреден изглед. По неколку децении, конечно се создаваат услови за поголема безбедност и поквалитетен јавен простор за жителите, но и за сите посетители на трговскиот центар, посочуваат од Општина Аеродром.

Инвестицијата во вредност од 17,2 милиони денари, прецизираат, се реализира со поддршка од Владата и претставува уште еден чекор кон системско подобрување на инфраструктурата и урбаниот изглед на нашата општина.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4