Connect with us

Хроника

Професор од средно училиште во Скопје вознемирувал 18 годишна ученичка, барал да имаат секс

Во полиција било пријавено дека наставник во скопско средно училиште вознемирувал ученичка и барал да имаат полови односи, по што тој бил лишен од слобода.

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа дека вчера во 17:30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје лишиле од слобода 52-годишен скопјанец, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25 февруари до 2 март, вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.

– По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додадоа од МВР.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1