Connect with us

Хроника

Притвор од 30 дена за 24-годишно лице од скопско Студеничани по пронајдени мигранти

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи – Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај – Неготино, вчера во близина на клучка Неготино, лишија од слобода 24-годишно лице од село Студеничани, скопско.

Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Михајлово дале знак за запирање, но, лицето не застанало и по преземени мерки, возилото е присилно запрено. Подоцна, по пребарување на теренот, пронајдени се 10 лица – мигранти од Египет, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи.

– Mигрантите се сместени во Прифатно – транзитен центар – Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Додека, против возачот е поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“ и од судија на претходна постапка, изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од МВР.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2