Економија
Мицкоски на средба со трговците и претставници на маркетите
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево ќе има средба со трговците и претставници на маркетите. Како што изјави денеска, средбата е закажана за 16.00 часот.
Мицкоски рече дека има јасни пораки и аргументи кои ќе ги изнесе на состанокот.
-Имаме најниска цена на горивата во регионот, нема ценовен шок и снабдувањето со нафта и нафтени деривати не е доведено во прашање. Компаниите снабдувачи имаат доволно резерви, инфлацијата е најниска во регионот. Состојбата во државата е апсолутно нормална, за понатаму ќе видиме. Почетокот на годината е ветувачка според сите индикатори и параметри, но ние продолжуваме да работиме во интерес на стандардот на граѓаните. Имам јасни пораки и аргументи за денешниот состанок со трговците, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со странските инвеститори во земјава.
март 11, 2026

