Скопје
Костовски: Целосно е реконструирана улица „2“ во населеното место Расадник
Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „2“ во населеното место Расадник. при што оцени дека улицата во најбрз можен рок е целосно рекностуирана и завршена.
-Продолжуваме со градежната офанзива и ги реализираме ветувањата. Направив увид во градежните активности на улица „2“ во населеното место Расадник која во најбрз можен рок е целосно реконструирана. Ова е улица во должина од 250 метри и површина од 1000 квадратни метри, напиша Костовски на својот фејсбук профил.
Најави дека во ова населено место наскоро ќе се реконструираат и улиците „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“.
-Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес. Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење, порача Костовски на Фејсбук.
март 11, 2026

