Connect with us

Култура

Шест џез концерти на македонски музичари „JAZZOTERIA“ во организација на „Трето уво“

 Од 21 март до 6 мај во Аудиокултура ќе бидат одржани шест џез концерти во организација на продуцентската куќа „Трето уво“, која соопшти дека во рамки на циклусот насловен  „JAZZOTERIA“ ќе има концерти на врвни македонски џез музичари: Гордан Спасовски, Дуња Иванова, Тони Китановски, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Ѓоле Максимовски, а целта е да се промовира и афирмира  современата македонска џез сцена.

Продуцентот на проектот, Иво Јанковски, вели дека „JAZZOTERIA“ е  интимен и автентичен музички формат, во кој секој од уметниците ќе се има свој соло рецитал, откривајќи ја личната музичка визија, импровизацијата и креативната слобода што ја носи џезот.  

-Публиката ќе има ретка можност да ги слушне овие исклучителни музичари во блиска и акустично совршена атмосфера. Целта на „JAZZOTERIA“ е да поттикне промоција и популаризација на сè поквалитетната македонска џез сцена, која во последните години се развива со силна креативна енергија и со музичари што се препознатливи и надвор од земјата. Преку овие концерти се отвора простор за директна комуникација меѓу уметниците и публиката, како и за ново доживување на современиот џез израз, вели Јанкоски. 

Циклусот џез концерти „JAZZOTERIA“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2