Connect with us

Кошарка

Ленард за враќањето на Клиперси на победничките патеки

Екипата на Лос Анџелес клиперс ноќеска славеа победа со 126:118 над Њујорк. По овој триумф, Клиперс се на вратија на 50 % на победи по ужасниот почеток и билансот шест победи и 21 пораз.

Лидерот на Клиперс, Кавај Ленард, смета дека работата не е завршени и дека има уште многу предизвици за тимот од Лос Анџелес.

– Одлично е. Но, работата сè уште не е завршена. Сезоната не е завршена. Ова е она што се очекуваше. Како што им кажав на момците, не тренираме да губиме. Работиме напорно со цел да победуваме. Денес разговарав за ова со неколку играчи кога слушнав дека сме блиску до 50% процент на победи. Реков дека работата сè уште не е завршена. Сè уште имаме натпревари за играње. Не смееме да се опуштаме, изјави Ленард по натпреварот со Њујорк.

На 18 натпревари до крајот на сезоната, Клиперсите се наоѓаат на 8. место во Западната конференција на НБА-лигата со скор од 32-32 (победи-порази).

Маркетинг
Ad 3
Ad 3