Општини
Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
Денеска, во училиштето „Св, Кирил и Методиј“ во Кочани била приена дојава за поставена бомба, при што учениците од предметна настава биле евакуирани.
Како што се вели во соопштението од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, служби од МВР веднаш извршиле проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
Наставата продолжува непречено, согласно воспоставената динамика.
март 10, 2026

