Connect with us

Свет

Израелската војска убила три вооружени лица во тунел во близина на Рафа

Израелската војска (ИДФ) денеска соопшти дека нејзините сили пронашле и убиле тројца вооружени мажи додека пребарувале подземна инфраструктура во областа околу Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА.

ИДФ соопшти дека пребарувањето било вчера и дека израелските војници продолжуваат со операциите „за елиминирање на терористите што дејствуваат во областа на терористичката инфраструктура“ и за отстранување на каква било закана.

Во извештајот не се наведува на која организација ѝ припаѓале мажите, пренесува ДПА.

Во Појасот Газа во последните пет месеци е на сила кревок прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас, но досега имаше чести прекршувања, при што секоја страна ја обвинува другата за непочитување на договореното, потсетува германската агенција.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3