Општини
Бесплатно психолошко советувалиште за граѓаните на Охрид
Општинската организација на Црвениот крст од Охрид во рамки на своите здравствено-превентивни активности почнува со бесплатно психолошко советување за граѓаните.
Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвениот крст – Охрид, секој петок во периодот од 9 до 12 часот, со претходно закажување.
Заинтересираните лица, можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615.
Советувањето ќе го реализира Гешталт советничката Мерсиха Исмајлоска. Инаку, Гешталт терапијата е научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката филозофија. Основната цел на гешталт терапијата е поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент…
Бесплатното психолошко советување охридскиот Црвен крст го реализира во Центарот за личен развој, едукација и психотерапија „Анима“.
март 10, 2026

