Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е најмалку подобен да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага

Внук на бугарски кмет, неуспешен политичар, неуспешен дипломат, самопрогласен амбасадор, човек без кичма, став и достоинство, измеќар на Заев и Филипче – Андреј Жерновски. Овој човек без грам кредибилитет пред да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага, треба прво сам да се погледне во огледало. Тој е истиот оној кој лажеше дека трибина од стадион кај и да е ќе падне, па еве 15 години по тоа уште стои. Како пред 15 години, така и денес – лаже. Истата шема, истите лаги, истите луѓе, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ.

Жерновски е човек кој 30 години нема ништо направено добро за државата, а исто толку години е и во политиката. Прелетач од ЛДП во СДС, само затоа што така му нареди Зоран Заев. Затоа и денес жестоко го брани Филипче, затоа што така му има наредено Заев.

Во однос на предлогот за конзул на Душан Адамовиќ, доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Дополнително, споменатото лице ги исполнува сите критериуми за негово поставување за конзул.

До следната лага искажана од СДС, Жерновски или Филипче, ги потсетуваме дека се опозиција во Македонија, не во Србија.

И цел свет да ги демантира СДС и Филипче на измислиците за наводни мигранти, нема да им биде јасно дека миграција имаше само од СДС кај други политички опции што ги сведе на околу 100.000 гласови

СДС никако не успева, никако да се консолидира како сериозен политички субјект во земјава и да почне да води одговорна и рационална политика.

Водат политика која се темели врз наративи изградени на дезинформации, некои нивни конструкции кои ги смислиле за да може да манипулираат во јавноста и цело време да ги извртоперуваат фактите.

Неодамна СДС и Венко Филипче водеа една агресивна кампања и во јавноста пласираа тврдења дека Македонија наводно ќе стане камп за мигранти од Велика Британија, а реториката имаше за цел да предизвика паника и несигурност кај граѓаните.

Овие наводи беа експлицитно демантирани од сите релевантни институции во државата, а исто така британската дипломатија изнесе јасен и недвосмислен став по истото, и потврди дека не постел ниту пак постои било каков план за мигранти во Македонија.

Оваа Влада се обидува да ги санира катастрофалните штети кои СДС и ги нанесе на Македонија на секое поле, оваа Влада се труди да им обезбеди подобро утре на граѓаните на Македонија.

Во тој контекст, Стратешкиот Договор меѓу Македонија и Обединетото Кралство е значаен дипломатски и економски чекор и е највисок чин на меѓусебна доверба.

Договорот не е само што е формален акт на билатерална соработка, но и ја позиционира Македонија во кругот на интересите на една од највлијателните политички и економски сили во светот, и овозможува инвестициски циклус, особено во клучните сектори како инфраструктурата, транспорт, здравство и железница.

СДС преку нивните фабрикувани вести се обиде да го претвори ова во предмет на манипулација и да создаде некаков си впечаток дека постои некој таен договор.

Шпекулациите беа јавно демантирани и од страна на британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.

Сите ги демантираа СДС, но очигледно и цел свет  да ги соочи со фактите, тие ќе продолжат да се однесуваат несериозно и да се водат по нивната лажна теза, преку која се обидуваат да ја манипулираат јавноста и да ја доведат во заблуда.

Така СДС и Венко Филипче се грижат за граѓаните, ги лажат свесно, се обидуваат да ги изманипулираат и  да предизвикаат паника, затоа се сведени на околу 100.000 гласови.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1