Хроника
Тројца државјани на Албанија фатени во нелегален риболов во македонскиот дел на Охридското Езеро
Тројца државјани на Република Албанија се приведени поради вршење криволов на риба во македонските територијални води на Охридското Езеро.
Според соопштнието од СВР – Охрид, во периодот од 6 до 8 март во две одделни акциски контроли полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро од слобода ги лишиле лицата Ј.Ц., Е.Б.и А.Ш., сите од Албанија.
Приведените со пловни објекти илегално ја преминале македонско-албанската граница на езерото, и биле затекнати како во македонски територијални води вршат кривично дело „незаконит риболов“. Притоа по наредба на јавен обвинител им се запленети пловните објекти и рибарските мрежи со уловот.
По целосно документирање на случаите против тие лица се поднесени пријави за незаконит риболов и илегално преминување на државната граница.
март 9, 2026

