Connect with us

Свет

Путин му посака успех на новиот ирански врховен лидер

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Моџтаба Хамнеи по повод неговиот избор за врховен лидер на Иран, соопшти Кремљ.

„Почитуван господине Хосеини Хамнеи, примете ги моите искрени честитки по повод Вашиот избор за врховен лидер на Исламската Република Иран“, се наведува во пораката објавена на веб-страницата на Кремљ.

Путин во пораката ја потврди поддршката на Москва за Техеран.

„Од своја страна би сакал да ја потврдам нашата непроменета поддршка за Техеран и солидарноста со нашите ирански пријатели. Русија била и ќе остане сигурен партнер на Исламската Република“, се додава во честитката.

Рускиот претседател оцени дека новиот ирански лидер се соочува со тешки предизвици.

„Сега, кога Иран се спротивставува на вооружена агресија, Вашата работа на оваа висока функција несомнено ќе бара голема храброст и пожртвуваност“, наведува Путин.

Тој изрази уверување дека Хамнеи „достојно ќе го продолжи делото на својот татко и ќе го обедини иранскиот народ пред сериозните искушенија“.

„Ви посакувам успех во решавањето на сложените задачи што се пред Вас, како и добро здравје и сила на духот“, се додава во пораката.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1