Вести
Муцунски за посетата на САД: Огромна чест што бев дел од настанот на Светскиот економски форум
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва информира дека во САД бил деновиве за да учествува на настан што го организира Светскиот економски форум.
Како што истакна Муцунски, на настанот присуствувале 50 лидери од различни сфери и претставници на најголемите светски компании.
– Бев поканет на настан организиран од Светскиот економски форум каде имаше 50 лидери од различни сфери – актуелен премиер на држава, неколку министри од различни области, но и претставници на раководствата на најголемите светски компании. Целта на настанот беше меѓусебно поврзување и разговарање за потенциајлите на соработка. За мене беше огромна чест што бев меѓу петте претставници од политичкото дејствување, но, секако, тоа е поврзано и со мојата работа како министер во делот на надворешната трговија, каде работиме на конкретни инвестиции и активности и со дел од раководствата на компаниите кои беа на настанот во САД, нагласи Муцунски, одговорајќи на новинарски прашања по пречекот на евакуираните македонски државјани од Дубаи.
март 9, 2026

