Connect with us

Општини

Министерот за здравство Алиу ја посети Болницата во Кочани, каде започна уредувањето на дворната површина

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Општата болница со проширана дејност во Кочани. При тоа се сретна со градоначалникот Владко Грозданов и со ракводството на кочанската здравствена установа.

На овој настан беше објавено склучувањето на Меморандум за соработка помеѓу Општината и Болницата во насока на расчистување и хортикултурно уредување на дворната површина и просторот под асфалт, заради обезбедување повеќе паркинг места за пациентите и вработените.

Министерот Алиу ја поздрави ваквата активност, позитивно оценувајќи ги агилноста и на градоначалникот и на раководството на Болницата.

-Кога пристапот е домаќински резултатите се видливи. Овој простор не е чистен триесетина години и задоволство е да се видат активен градоначалник и директор, кои што знаат дека пристапот и инфраструктурата во здравството не се само внатрешниот дел ,туку и надворешноста, со пристап до ваквите институци затоа што овде доаѓаат лица што мораат, а не затоа што сакаат, рече Алиу.

Во однос на повредените во „Пулс“, министерот за здравство Азир Алиу посочи дека таквите лица соодветно се згрижени, а по потреба на пациентите, медицинските лица од нашата држава се консултираат и со нивните колеги од соседните земји.

Од своја страна, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, информираше дека на местото каде што сега се наоѓа модуларната болница ќе биде изградена современа платформа за паркирање, со што значително ќе се подобрат условите за пациентите и посетителите на болницата.

Пролетните работни активности за уредување на болничкиот дворен простор се реализираат од страна на локалната самуправа во координација со КЈП „Водовод“, како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Општината и Болницата.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4