Connect with us

Вести

Министерот за правда Игор Филков ќе претседава со работната група за реформи во изборното законодавство

Во Министерството за правда денеска се одржа конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, со која ќе претседава министерот за правда Игор Филков. На седницата, како што информираат од Министерството, е дискутирано за Деловникот на работа и начинот на работа на работната група.

Следната седница на работната група за реформи во изборното законодавство е закажана на 23 март, а на членовите на работна група ќе им биде доставен текстот на измените на Изборниот законик кој ќе биде работен документ а го подготвило Министерството за правда во јуни 2025 година и во којшто се вметнати препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Министерот за правда Игор Филков изјавил дека целта е да се изгради стабилен, кредибилен и инклузивен изборен систем, усогласен со европските стандарди и добрите меѓународни практики.

-Овој процес бара политичка зрелост, дијалог и консензус. Очекувам конструктивна дебата и активно учество од сите членови, затоа што реформите во изборното законодавство се од суштинско значење за демократскиот развој на државата и зајакнување на довербата на граѓаните во изборниот процес, посочил Филков.

Потенцираат дека Министерството за правда останува целосно посветено на транспарентен и ефикасен процес, со јасна динамика и конкретни резултати во периодот што следува.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2