Фудбал
Милан го победи Интер и остана во трка за Скудетото
Милан синоќа го победи Интер со 1:0 во дербито на 28. коло од Италијанското фудбалско првенство.
Единствениот гол го постигна еквадорскиот интернационалец во редовите на домашниот тим, Первис Еступињан во 35-тата минута.
Двата тима имаа по два удари во рамките на голот.
Милан со 60 бода по 28 натпревари е втор на табелата во Серија А и ги зачува шансите за освојување на шампионскиот трофеј. Интер собра 67 бода и е лидер на табелата.
Во следното коло, Интер ќе ја пречека Аталанта на 14 март, а Милан ќе игра против Лацио на гости на 15 март.
март 9, 2026

