Connect with us

Регион

Макроекономска анализа и трендови: Кризата за НИС го намалила растот на БДП во Србија

Реалниот бруто домашен производ (БДП) на Србија во јануари 2026 година се зголеми за околу 1,3 проценти на меѓугодишно ниво, според денешното издание на „Макроекономска анализа и трендови“ (МАТ). Проценките се дека кризата околу Српската нафтена индустрија (НИС) го намалила растот што можеше да надмине три проценти во јануари оваа година.

Во ноемвриското издание на МАТ беа посочени се поизразените ризици во преработувачкиот сектор, како и продлабочувањето на годишниот пад поради проблемите во производството на рафинеријата НИС.

„Ќе се покаже дека во ноември производството овде е намалено на годишно ниво за 3,7 проценти, во декември за 8,3 проценти, додека во јануари 2026 година падот на годишно ниво е уште поизразен – 12,4 проценти“, додава публикацијата МАТ, објавена од Стопанската комора на Србија. 

Во публикацијата се додава дека реалниот БДП во јануари се зголемил за 1,3 проценти, а доколку индустријата го задржала ланското ниво на реална активност, растот на БДП во јануари 2026 година веројатно би надминал три проценти

Маркетинг
Ad 3
Ad 1