Connect with us

Свет

Катар уапси 313 лица поради неовластено снимање и ширење лажни информации

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека уапсило 313 лица од различни националности поради ширење лажни информации и објавување видеоснимки направени без дозвола.

Според министерството, против приведените се преземени соодветни правни и административни мерки.

Во соопштението се нагласува дека е од особена важност жителите на Катар да се воздржат од снимање и објавување видеа, како и од ширење гласини за актуелната ситуација во регионот.

Министерството ги повика граѓаните информациите да ги добиваат исклучиво од официјално одобрени извори.

Воедно беше предупредено дека ќе бидат преземени мерки против секој што ќе ги прекрши правилата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4