Свет
Експлозија оштети синагога во белгискиот град Лиеж
Експлозија рано утрово оштети синагога во белгискиот град Лиеж, објавија белгиските медиуми, повикувајќи се на локалната полиција.
Нема пријавени повредени, а причината за експлозијата, која се случи околу 4:00 часот наутро, засега е непозната.
Градоначалникот на Лиеж, Вили Демејер, го нарече инцидентот „екстремно насилен чин на антисемитизам“ во изјава за телевизијата РТБФ.
Експлозијата ги скрши прозорците на синагогата, како и прозорците во зградата преку улицата, соопшти телевизијата.
Полицијата ја опколи улицата, а специјална единица за борба против тероризмот го истражува инцидентот. Досега нема официјално полициско соопштение за инцидентот.
март 9, 2026

