Connect with us

Свет

Захарова: САД и Израел сакаат да ја урнат легитимната власт во Иран бидејќи одбива да се потчини на Западот

САД и Израел се обидуваат да ја соборат легитимната власт во Иран поради одбивањето на Техеран да се потчини на, како што рече, „колективниот Запад“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесе ТАСС.

Захарова ја даде изјавата во врска со нападот со дронови врз азербејџанската автономна област Нахичеван.

– Сериозно сме загрижени поради исклучително опасниот развој на ситуацијата во регионот на Блискиот и Средниот Исток, предизвикан од непровоцираната и незаконска вооружена агресија на САД и Израел врз Иран под целосно измислен изговор – изјави Захарова.

Таа додаде дека со дејствувањето спротивно на Повелбата на Обединетите нации и основните принципи на меѓународното право, овие земји се обидуваат да ја соборат легитимната власт во суверена и независна држава-членка на ОН.

Портпаролката на руската дипломатија истакна дека одговорноста за нападот врз Нахичеван ја носат, како што рече, „авторите на агресијата врз Иран“.

– Како што руската страна повеќепати предупреди, оваа воена авантура ќе има исклучително негативно влијание врз безбедноста на сите земји во регионот, пред сè врз соседите на Иран. Токму тоа и се случува. За денешниот развој на настаните одговорност носат авторите на агресијата, како и оние кои директно или индиректно учествуваат во неа – нагласи Захарова. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3