Свет
Техеран се закани дека ќе нападне нафтени постројки во регионот ако Израел продолжи да ја напаѓа иранската енергетска инфраструктура
Иранската армија денеска се закани дека ќе нападне нафтени постројки во регионот ако Израел продолжи со нападите врз енергетската инфраструктура на Исламската Република.
– Владите на исламските земји мора што поскоро да ја предупредат криминалната Америка и дивјачкиот ционистички режим против ваквите кукавички и нечовечки постапки. Во спротивно, ќе бидат преземени мерки во регионот. И ако можете да си дозволите нафта по цена од над 200 долари за барел – продолжете со оваа игра, соопшти Централниот штаб на Хатам ал-Анбија, поврзан со Корпусот на Исламската револуционерна гарда.
март 8, 2026

